Запознавајќи го апаратот – ISO

photographerСите вие кои имате фотоапарат, или барем повеќето, сте се сретнале со
ознаката ISO проследена со бројка (ISO 100, ISO 200) некаде низ
сетирањата на апаратот. Многу од вас ја игнорирале, некои
експериментирале и пробувале, а малку го побарале нејзиното значење..
барем јас не знаев што значи додека не почнав сериозно да се занимавам
со фотографија. Што всушност е оваа чудна ознака?!


kravamaСите вие кои имате фотоапарат, или барем повеќето, сте се сретнале со ознаката ISO проследена со бројка (ISO 100, ISO 200) некаде низ сетирањата на апаратот. Многу од вас ја игнорирале, некои експериментирале и пробувале, а малку го побарале нејзиното значење.. барем јас не знаев што значи додека не почнав сериозно да се занимавам со фотографија. Што всушност е оваа чудна ознака?!

ISO за дигиталната фотографија е всушност истото она што е ASA за аналогната (ви текнува, големата 100-ка на синото кутивче од филмот од сто ASA). Тоа е осетливоста на медиумот врз кој паѓа светлината, во случајов кај дигиталните апарати тоа е сензорот. Тие што експериментирале приметиле дека во темница подобро се фотографира кога ISO има поголема бројка (ISO 200, ISO 400 или ISO 800 и ISO1600 кај некои апарати) бидејки фотографиите не се толку матни. За тие што нема да навлегуваат во мануелната контрола над апаратот доволно е да знаат дека во темница треба да наместат ISO со поголема бројка за да ја намалат шансата фотографиите да им испаднат матни.

Сега подетален опис за тие што повеќе се интересираат во оваа област.

Имено, ISO е осетливоста на сензорот врз кој паѓа светлината. Колку поголема осетливост на сензорот, толку помалку време треба истиот да биде изложен на светлина, односно толку пократка експозиција за да се добие исто осветлена фотографија. Навечер, разликата меѓу повисоко и пониско ISO може да биде разликата меѓу јасна и матна фотографија. Секако, оваа опција доаѓа со сет плусеви и минуси, во зависност од тоа дали се користи ISO со голем или мал број т.е високо или ниско ISO.

Пониско ISO = Подолга експозиција, помалку шум
Повисоко ISO = Пократка експозиција, повеќе шум

Неколку совети за користење на ISO подесувањето:

– Кренете го ISO-то кога фотографирате со блиц во темница, тоа ќе даде поприродни бои на фотографиите
– Кренете го ISO-то кога фотографирате црно бели портрети, тоа може да даде убав шмек на повеќето црно бели портрети
– Кренете го ISO-то кога сакате да замрзнете објекти во движење (капки од фонтана, млаз вода, капка што паѓа во вода и сл.)
– Спуштете го ISO-то кога фотографирате пејзажи, таму не би сакале да го нарушите квалитетот на фотографијата. Наместо да го кревате ISO-то, користете трипод.
– Експериментирајте!

До следното читање, поздрав!

- Реклама -