Уште кога бил бебе, Кени останал без својата мајка, која била прегазена од пијан возач. Малечкиот вомбат бил прибран во автомобилот на една хумана двојка од Австралија, која го однела во Зоолошката градина за рептили.
Негувателите кои работеле во оваа институција не биле сигурни дека Кени ќе преживее, но му ја пружале сета потребна нега во надеж дека ќе се опорави. Го хранеле со шише и постојано ја проверувале неговата здраствена состојба.
Кени денес има седум години и живее во фиока. Слаткиот вомбат умее самиот да дојде до неа, да ја отвори и да се протне во неа за да потоне во сон.
Со оглед на тоа што веќе не е толку мал, негувателите понекогаш го пуштаат и да излезе надвор и да ја истражува природата. Тие велат дека ако продолжи да напредува, наскоро ќе можат да го пуштат и во дивината. А дотогаш – Кени стана вистинска интернет атракција!