За сите оние кои имаат желба да патуваат, но немаат време и пари, можат слободно да му подзавидат на овој малечок еж, кој секоја седмица заминува на некоја нова локација.
Популарното „Инстаграм“ – милениче по име Биди, има повеќе од 376.000 следбеници на оваа социјална мрежа.
Тони Дивиси и Том Антерсехер се двајцата сопственици на ова симпатично животинче, кои со задоволство го носат со нив на секоја патувачка авантура.
Со оглед на се поголемото внимание кое неочекувано започнале да го добиваат од јавноста, тие изјавиле дека иако и претходно патувале често, сега започнале на тоа да гледаат и како на еден вид задолжение.
Секако, во целата оваа ситуација најмногу ужива Биди, кој изгледа како да има навистина весел лик за еден обичен, срамежлив еж.
Доколку ви се допадна оваа галерија и сакате да погледнете уште фотографии од ежот Биди, можете да го пронајдете неговиот профил на Инстаграм кликнувајќи тука.