Помисливте дека се работи за турнеја низ Македонија која чини 100 денари нели? Во салонот на издавачот "Матица македонска" започна акција каде над 200 наслови ќе се продаваат за 100 денари, и тоа исклучително творештвото на македонски автори. Книгите се од областа на историјата на Македонија, етнологијата, монографии за познати личности, етнографија, есеи и критики, културното наследство…Меѓу изданијата се дела на Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Божин Павловски, Иван Катарџиев итн.