Од 23 до 27 декември во Клубот ГЕМ во Стара чаршија ќе биде одржан мал новогодишен саем на книги, со богата програма.
Учество на саемот ќе завземат издавачите Темплум, Блесок, Кликер, Бегемот, Слово, Сигма Прес, Галикул и Фабрика књига.
Програма:
Среда, 24.12. од 20 часот Стажирајќи за светец – за ликот и делото на Игор Исаковски (1970-2014)
Во разговорот учествуваат: Елизабета Шелева, Никола Гелевски, Ана Мартиновска, Ѓоко Здравески, Петрит Сарачини, Јовица Ивановски, Румена Бужаровска…
Четврток, 25.12. од 20 часот Промоција на книгата „Тотемски жртви“ од Љупчо Јованов
Петок, 26.12. од 20 часот Промоција на книгата „Името на злото“ од Мирослав Грчев Промотор: Бранко Тричковски
Сабота, 27.12. од 12 часот Доделување на наградата „Новите!“ за 2014 година
Работно време (од вторник до сабота): од 11 до 21 часот.