Се случи и тоа – започна рушењето на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, откако вчера Владата, со одлука на владина седница, препорача јавното претпријатие „Македонија пат“ да обезбеди механизација и персонал за уривање на дивоградбата.
Како што пренесе „Алсат“, утрово кај дивоградбата била распоредена механизација, а присуствува и полиција.
Вчера МВР поднесе и кривична пријава против сопственикот Мевлудин Алити.