Во рамки на ОФФ програмата на Синедејс, започна Living Music проектот во просториите на Младинскиот културен центар.
Овогодишните учесници се композиторите Ребека Вилпу од Естонија, Изабела Калмет од Перу, баритонот Робин Де Јагер од Белгија и нашите домашни композитори Глигор Кондовски, Анастазија Голчева, Никола Малинов, Дарко Јованов, Никола Ивановски, како и студентите Михаил Димовски и Никола Весев од Факултетот за музичка уметност при УКИМ, кои ќе работат на четирите филмови кои оваа година влегоа во селекција.
Финалната презентација на проектот е на 17 јули со почеток од 19:30 часот во Кино Фросина.