На површина од стотина хектари во Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени. Тој ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со карантин, хранилишта, поилишта, солишта, набљудувачници и друга потребна инфраструктура.
Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, вредна 4,3 милиони евра. Истиот се реализира во рамки на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање на Националниот парк Галичица.