Синоќа во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов Ченто, започна фестивалот на уличен театар „Баскерфест 2014“.Фестивалот официјално започна, со настапот на групата Алдруби (Танцот на балоните) од Нови Сад, Србија, а ќе трае наредните 10 дена.
Град Скопје девети пат е покровител на манифестацијата, која овој пат ќе се одржи во 21 општина, на ниво на цела Македонија.
Во главниот град, програмата ќе се одвива и во „Пивница Стар град“ во Старата скопска чаршија, и „Градска плажа парк“ на кејот позади Градскиот парк.
Град Скопје за одржување на фестивалот и годинава од Буџетот издвои околу 900.000 денари.