Запленети околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва

МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, ОСПО-ЕБР и СВР Скопје во близина на местото Рамно, Скопска Црна Гора, запленија три камиони натоварени со околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва.

Дрвата ќе бидат предадени на ЈП „Национални шуми“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитајте и:  МВР: Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
- Реклама -