Брзо и лесно до освежувачки десерт.
Состојки:
4 јаболка
4 лажици бобинкасти плодови по избор (замрзнати)
4 лажици сок од портокал
2 јајца
сол
6 лажици гриз
2 лажички прашок за пециво
неколку капки течен засладувач
шеќер во прав за посипување
Подготовка:
1. Излупете ги јаболките, исечете ги на четвртини, исчистете ги од семки и исечете ги на кришки. Помешајте ги со сокот од портокал и бобинкастите овошки.
2. Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги јајцата со виљушка, додадете малку сол, гриз и прашок за пециво. Додадете од течниот засладувач по ваш вкус.
3. Измешајте го овошјето во подготвената смеса и сето тоа заедно ставете го во подмачкана тепсија. Печете околу 45 минути. Извадете ги од рерната и додадете шеќер во прав.