Запалено македонското знаме на железничката станица во Скопје Север

Непознато лице, вчера, го запалило државното знаме на Македонија поставено на копје на железничката станица во населбата Скопје Север, општина Бутел, во Скопје.

Како што соопшти МВР, на 8 декември 2020 година, во 7 часот и 12 минути, вработен во Железници со иницијали Ѓ.З., ја известил полицијата дека едно лице го запалило државното знаме поставено на железничката станица.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.

- Реклама -