Замоливме деца да довршат поговорки, резултатот е пресладок

Децата секогаш имаaт што да кажат и имаат мислење за сите прашања, безразлика дали се запознаени со темата или не.

За оваа статија побаравме помош од неколку деца на возраст од 6 до 8 години и ги замоливме да ги довршат поговорките, а потоа ги избравме најинтересните одговори. Резултатот е повеќе од забавен:

Брза кучка…брза да му даде на малото кутре да јаде.

По утрото…стануваме и одиме да си играме.

Убавите круши…ги јадеме сите дома.

Господ да те чува…од лоши деца. Мама така вика.

Кога двајца се караат…тоа не е убаво.

Подобро врапче во рака, отколку…папагал во кафез. Или да го изеде мачката.

Тивка вода…убаво паѓа.

Прашај паталец…што е тоа, некој што прашува многу?

Не трчај како…да те брка диносаурус.

Клати врата…влегувај дома.

25-impressive-beautiful-still-life-photography-examples-02

- Реклама -