Шпанците се посебно горди на фактот дека откривачот на американскиот континент Кристофер Колумбо потекнува токму од нивното поднебје.
Во негова чест во градот Беналмадена бил изграден замок наречен El Castillo Monumento de Colomares.
Замокот е дело на Естебан Мартин кој инаку цел живот се занимавал со медицина. Тој заедно со уште двајца помошници на замокот работеле од 1987 година, односно цели 7 години.
Прво нешто што привлекува внимание е спојот на неколку различни стилови. Во изградбата доминираат елементи на готскиот стил, како и византискиот, римскиот и романскиот и уметнички и архитектонски стил. Авторот смета дека разновидноста на стиловите е одличен начин да се обединат трите религи во Шпанија во средниот век – христијанството, исламот и јудизмот.
Изработен од камен, мермер, па дури и дрвени елементи, Замокот на Колумбо е украсен со три брода кои ги симболизираат бродовите кои допловиле до американскиот брег.
Денес замокот претставува една од главните туристички атракции во Шпанија. Погледнете како изгледа!