Замок во кој базените се полни со пиво

За љубителите на пиво ова е едно од ретките места во светот каде што тие буквално можат да се нурнат во пенливиот пијалок. Прекрасната атракција доаѓа во австрискиот замок Starkenberger.  Меѓу ѕидовите на 700-годишниот дворец-пивара, се наоѓаат седум базени полни со 42 илјади литри топло пиво. Во нив човек може да поплива или едноставно да се опушти и да се насладува.

Пивото е богато со витамини и калциум и нурнувањето во него влијае добро на кожата. Пијалокот лекува отворени рани и псоријаза. Базените се откриени во 2005 година, кога старата визба за ферментација на замокот излегува од функција и е претворена во спа зона. Местото се наоѓа на неколку часа пат од Минхен и веќе привлекува бројни туристи.

Пивото во базенот е топло и не е препорачливо да се пие. Но,  секогаш можете да нарачате една ладна кригла. Таа е вклучена во цената од 298 долари за изнајмување на базенот во кој може да собере шест лица. Освен тоа, во замокот ќе ви раскажат многу интересни факти од историјата на пенливиот пијалок.

Како на пример, дека во антиката Клеопатра исто така се капела во пиво, за да се задржи нејзината убавина. Како и дека Starkenberger секогаш бил управуван од жени.

- Реклама -