Две жени- вработени и тројца мажи успеале да побегнат од кафулето во Сиднеј.
Еден наоружен напаѓач држи непознат број на заложници денес (понеделник) од 9.45 часот (нивно време) во едно кафуле во центарот на Сиднеј, соопшти полицијата, а на една снимка од локална телевизија се гледа дека некои од нив биле принудени на прозорецот да држат црно знаме со бел арапски натпис.
Channel Ten разговарал со двајца заложници кои успеале да побегнат и кои тврдат дека терористот бара средба со австралискиот премиер Тони Абот. Исто така, сака во кафулето да се донесе знамето на Исламската држава.
Киднаперот изјавил дека има четири бомби- две со себе во кафулето и две кои ги поставил пред кафулето.
Австралиската полиција изјави дека преговорите се во тек со киднаперот, но се уште не е познат мотивот на нападот.
Мартин Плејс, запоседнатото кафуле, се наоѓа во дел на Народната банка на Австралија, како и други банки и државниот парламент на Нов Јужен Велс, е опкружен од полиција и затворен за било каква посета.
Премиерот Тони Абот изјави дека го свикал Националниот комитет за безбедност.
„Ова е многу вознемирувачки инцидент, но Австралијанците можат да бидат сигурни дека нашата полиција и безбедносните агенции се добро обучени и опремени да реагираат на вакви инциденти на професионален начин“, рекол Абот.
САД го евакуирал својот конзулат во Сиднеј и издаде сериозно предупредување до своите граѓани, барајќи од нив да држат високо ниво на претпазливотс и да превземат соодветни чекори за подобрување на нивната лична безбедност.
Премиерот Тони Абот, кој предупреди на плановите на милитантите да ги напарнат австралиските мети, рекол дека постојат индикации дека инцидентот со заложници во кафулето во Сиднеј е политички мотивиран.
Австалија, која силно ги поддржува САД и сите нејзини моќни воени акции против Исламската држава во Сирија и Ирак, е во готовост на нападите на радикалните муслимани или домашни борци кои се враќаат од конфликтите на Блискиот Исток.
Извршниот директор на Линдт Австалија рекол дека во кафулето работат околу 10 луѓе. Исто така изјавил дека во кафулето „веројатно има 30 луѓе“, за Sky Business, но тоа е само груба проценка.