Лошото искуство со некоја авио компанија сигурно не е смешна работа. Меѓутоа, кога жалбата е напишана од Ричард Бренсон (познат британски магнат и инвеститор) се постигнува нова димензија, многу смешна димензија!
После лошото искуство со авио компанијата LIAT во април, тој се решава да им испрати пишана жалба, која подоцна ја објавува на Tweeter.
“Драги LIAT
само би сакал да ви спомнам дека е многу обзирно од ваша страна, тоа што на вашите патници им давате толку детална тура низ Карибите.
Повеќето авио компании обично летаат од точка А до точка Б и тоа прилично брзо. Додека со вас, јас навистина бев заинтригиран од тоа што ни дозволивте да застанеме не на еден, туку на шест величенствени карибски аеродроми. И кој па сака, цело време да лета само со еден авион? Ние имавме шанса да го менуваме секој пат кога ќе слетавме.
Многу уживав во дегустацијата на различните безбедности скенери на секој од овие аеродроми. Поради вас научив дека има многу видови скенери и сите тие зрачат со чудна топлина. Со оглед на тоа дека имав и прилика да ме испипкаат многу островјани, навистина имав чуство дека се наоѓам во топла карибска прегратка.
Морам да истакнам дека навистина уживав и во многуте часови поминати во чекалниците, навистина ми го исполнивте слободното време. А што се однесува до финалното пристигнување на посакуваната дестинација, бев импресиониран од забавното пловење на траектот. Посебно кога му мавтавме од обалата додека баравме некој отворен хотел, бар или ресторант.
Сакам да ви се заблагодарам, вие сте компанија како што нема никаде!
пс: Слободно можете да ја задржите торбата, и така не ми се свиѓаше бојата.”