Законот за амнестија вчера бил објавен во Службен весник на РМ, што значи дека наспроти шпекулациите дека можеби нема да го потпише, законот е веќе потпишан од претседателот Ѓорге Иванов и веќе е стапен во сила.
Тоа значи и дека веќе е во тек рокот од 5 дена кој обвинетите за 27 април го имаат за поднесување барања за да бидат амнестирани.
Финалната одлука за секое барање поединечно ќе ја носат судијката Добрила Кацарска и обвинителката Вилма Рускоска.
Јане Ченто и Игор Југ веќе се изјаснија дека нема да бараат амнестија.