Одлуката за стопирање на планираниот почеток на претпристапните разговори на Северна Македонија со Европската унија е голема историска грешка, оцени бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
„Гледате ќе има избори, тоа значи нестабилност“, рече министерката, пренесоа бугарските медиуми.
„Бугарија кажува големо ‘да’ за почеток на преговорите“, дополни Захариева.
Според неа Македонија заслужува да ги почне разговорите за членство во ЕУ, а понатаму целосно да ги исполни условите што ги постави бугарската страна.
Бугарските медиуми потсетуваат дека на последниот самит во Брисел минатата недела, францускиот претседател Емануел Макрон стави вето на почетокот на претпристапните разговори со Тирана и Скопје.