Захариева е позитивна на корона

Бугарската министерка за надворешни работи – Екатерина Захариева, е позитивна на ковид-19, информираше денеска бугарското МНР, но и таа самата, на својот Фејсбук профил.

Од министерството велат дека Захариева е во добра здравствена состојба, а таа порача дека ќе продолжи да работи од дома.

„Пријатели, денеска добив позитивен резултат на ПЦР тестот. Ќе треба да се самоизолирам и да работам од дома. Кампањата на ГЕРБ продолжува, со тоа што ветувам дека ќе учествувам од дистанца во планираните средби. Се надевам дека наскоро одново се гледаме и во живо. Бидете здрави и чувајте се!“, порача шефицата на бугарската дипломатија.

- Реклама -