26-годишниот Адам Пај уживал на плажата Bay Area во Калифорнија, копајќи дупка длабока 3 метри. Но, она што тој мислел дека ќе биде забава за присутните, се претворило во негов „погреб“. Ѕидовите на дупката колабирале додека Адам сеуште бил внатре, целосно затрупувајќи го.
Најмалку 30 луѓе дотрчале и пробале да му помогнат, црпејќи го песокот со раце и со кофи. Сепак, Адам останал затрупан цели 35 минути.
Капетанот на пожарникарската екипа изјави дека напорите на толпата биле и од помош, но и пречка при спасувањето на Пај, кој бил прогласен за мртов на самото место.
Пред неполн месец, 45-годишник од Вирџинија загина на сличен начин, пробувајќи да поврзе две двометарски дупки со песочен тунел.