Загина 18-годишно момче во сообраќајна несреќа кај охридски Елешец, 16-годишниот сопатник е тешко повреден

Сообраќајната несреќа се случила денеска во 1:15 часот, во близина на охридската населба Елешец, кога автомобилот марка „пежо“, со кој управувал Д.Ц. (18) од Охрид, излетал од патот

Загина 18-годишник во близина на охридската населба Елешец, на регионалниот пат Охрид – Свети Наум откако автомобилот марка „пежо“ со кој управувал излетал од патот, а 16-годишниот сопатник е тешко повреден.

Според информациите од СВР Охрид, сообраќајната несреќа се случила денеска во 1:15 часот, во близина на охридската населба Елешец, кога автомобилот марка „пежо“, со кој управувал Д.Ц. (18) од Охрид, излетал од патот.

„Возачот Д.Ц починал на самото место на несреќата, додека 16-годишниот сопатник исто така од Охрид е пренесен во болницата ‘Свети Еразмо‘, каде што му се констатирани тешки телесни повреди“,

се вели во соопштението од СВР Охрид.

На местото на несреќата увид извршиле полициски екипи, јавен обвинител и судски вештак.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

- Реклама -