Загатка за бистрите умови: Четворицата мажи што носат капи

Четворица мажи се киднапирани и закопани во земјата, до вратот. Не можат да мрдаат, па се што можат е да гледаат напред. Меѓу А и B има ѕид направен од цигли, па нема начин да се види низ него.

Она малку што заробените го знаат за ситуацијата е дека носат 4 капи, 2 црни и 2 бели. Но, од друга страна, не знаат каква боја е капата што ја носат. Исто така, знаат каде е закопан секој од нивните другари.

Тие се под закана да бидат застрелани. Егзекуторот обожава садистички игри, па единствен начин несреќниците да се спасат е ако еден од нив гласно ја каже бојата на капата што ја носи. Се разбира, не смеат меѓусебно да зборуваат, а имаат само 10 минути да дојдат до одговорот.

По една минута, со многу самодоверба, еден од нив извикува боја и со тоа ги спасува заробените од смрт.

 

ПРАШАЊЕ: Кој од нив се огласил? Зошто е 100% сигурен за бојата на неговата капа?

Ова не е трик прашање. Нема надворешни влијанија, ниту други начини на комуникација. Заробениците се закопани во права линија, еден зад друг. А и B можат да го видат само ѕидот, C може да го види само B, а D може да ги види само B и C.

Можете ли вие да дојдете до одговорот за 1 минута? Или се предавате и ќе го прочитате [lightbox link=”https://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/odgovor_kapi.jpg”]ТУКА[/lightbox]?

 

 

 

 

- Реклама -