Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање истакна дека доколку потпретседателката на Собранието Фросина Ременски, која доаѓа од неговата партија, е осомничена или обвинета за случајот „Рекет“, таа ќе биде отстранета.
Јас на симнување ја добив информацијата дека има соопштение или изјава, а сега вие кажувате за кои лица се однесува, односно за потпретседател на Собрание. Ние секојпат сме го кажувале нашиот став, кога некое лице ќе биде осомничено, обвинето или слично, тогаш ја применуваме мерката на санкции која што значи времено отстранување за да си докаже невиност, вратите се отворени секогаш за секој. Ако се бориме за владеење на правото и еднаков третман за сите пред законот, тоа мора да го почитуваме без разлика дали се однесува и на сите нас носители на одредени партиски или општествени функции, рече Заев.