Заев: Предлогот на Мицкоски е противуставен, треба да најдат друг кандидат за МВР

Премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека разговарале за две теми, првата тема за кандидати за техничката влада на предлог на најголемата опозициска партија, а втората тема е за предложените измени на Изборниот законик во делот на изборниот модел.

– „Со оглед на тоа дека Мицкоски не го кажа името за предлогот за министер за внатрешни, јас само ќе кажам дека станува збор за воено лице и оттука има дилема дали Уставот тоа го дозволува, законот за служба во Армијата и законот за министерство за внатрешни работи. Ќе ја консултираме владината стручна експертиза. Уставот јасно определува дека со Одбраната и со Полицијата раководи цивилно лице најмалку три години, рече Заев и додаде дека немаат никакви предрасуди, но уставот и законите треба да важат во државата.“изјави Заев.

Како што посочи Заев на средбата паднало збор и за прашањето за една изборна единица.

Повеќе на А1.он

- Реклама -