По скандалозната изјава, премиерот Зоран Заев се огласи и со проблематично извинување. Додуша, поинакво не ни можеше да биде, но тој дополнително ја влоши работата, ако не со самото извинување, тогаш со користењето на погрешна кратенка за ЛГБТИ заедницата, за која, како што вели, има голема почит.
„ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот ‘педep’ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам ceкcуална припадност. Извинување за ЛГTБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и до сега“, напиша Заев, па откако беше прекорен во коментарите, ја поправи кратенката во „ЛГБТИ“.
Господине Заев, не знаете ниту кратенката да ја употребите правилно, за каква борба и какви права зборувате? Вие сте лицемер кој за поени би се “борел” на секој фронт и сечии права. Срамота во секој случај, посебно после поддршката која вашата партија ја изрази за Скопје Прајд. pic.twitter.com/JxXKitac3S
— Katinka Kerlöw (@notsoplavusa) August 13, 2019