Заев: Кој е збунет? Кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против Мицкоски?

„Кој е збунет? Кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против Мицкоски? Кој ја објави вистината за неспособноста на Мицкоски и за драматичниот пад на производството на струја во нивно време?“, сподели премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.

„Конфузијата оди до таму што нивниот центар за комуникации објавува соопштенија во кои со бројки и факти потврдува дека во нивно време, времето кога Мицкоски бил директор на ЕСМ (ЕЛЕМ), драматично паѓало производството на електрична енергија. Спротивно на тоа, во периодот од 2017 и 2018 година имаме стабилизација и раст на производството на струја.

Погледнете ги бројките објавени од центарот за комункации на ВМРО-ДПМНЕ, a се однесуваат на производството на ЕСМ:

– во 2013-та година 5 113 GWh
– во 2014-та година 4 741 GWh
– во 2015-та година 4 471 GWh
– во 2016-та година 4 382 GWh
– во 2017-та година 4 228 GWh
– во 2018-та година 4 273 GWh

ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува факти кои ја потврдуваат неуспешноста на Мицкоски. Тој беше најнеуспешниот директор на ЕСМ, а денес е најнеуспешниот лидер на опозицијата“, додава Заев.

- Реклама -