Заев: Економијата живее и расте, четирите пакети економски мерки дадоа резултат

Во март е за 26.87% подобрена наплатата на царини и акцизи и за 18.6% е подобрена наплата на ДДВ, пресонален данок и данок на добивка во споредба со март 2020 година, но и даночните приходи на кваратално ниво се зголемени за 5.5%, изјави премиерот Зоран Заев во „Само интервју“ на ТВ „Канал 5“.

Според него, тоа покажува дека економијата „живее и расте“, а тоа дополнително ја мотивира власта да изнаоѓа алатки за да ја помага и да дефинира нови мерки. Тој изрази и надеж дека во Собранието ќе се ослободи пакетот мерки од 169 милиони евра.

Според премиерот, досегашните 4 пакети економски мерки за помош на стопанството и на граѓаните во пандемијата за во првиот квартал успеале за 4.2% да ја подобрат економијата. Повикувајќи се на релевантни извештаи, Заев додаде дека без мерките, економијата ќе имала пад од 8.7%.

Тој потенцираше дека дури и во вакви услови на пандемија, просечната плата е порасната за 2.7% на 28.272 денари, минималната плата е покачена на 15.190 денари, а стапката не невработеност изнесува 16.1%.

- Реклама -