Заев и Борисов заеднички го прославуваат Илинден во Благоевград

Една година по потпишувањето на Договорот за пријателство со Грција, премиерите на двете држави повторно заедно го чествуваат празникот Илинден, овојпат во Благоевград.

Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство меѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето на годишнината ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

- Реклама -