Претседателот на СДСМ Заев вели дека тој воопшто го немал кај себе материјалот од аудио снимките на кој се слуша пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски, како разговара со екс претседателот на Врховен Вангеловски. Се што псоедувале од прислушувани разговори во СДСМ биле доставени до СЈО.
Да не заборавиме кој тоа прислушувал во државата и да не заборавиме дека цело време укажувавме дека само еден дел од тие материјали добивме кај нас. Овој материјал којшто го слушнав навистина е податлив па и за тоа време би го објавиле веројатно ако сме го имале во тоа време како директно влијание во судството. Јас го видов ние не го објавувме, можно е и да не постоел во тие материјали што допреле тогаш до нас – изјави Зоран Заев, СДСМ.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не верува дека друг ги поседува бомбите и е убеден дека се пуштани од страна на СДСМ.
Потоа му рекле, требаше овие да завршат во СЈО ќе биде непријатно да кажуваме дека ние сме ги пуштиле па заради тоа одлучиле да ги пуштаат преку ЈутЈуб за да сега после оние изјави и ретерирање во текот на вчерашниот ден дека тој не знае, дека не ги пуштиле тие „бомби“ или тие материјали нелегално стекнати, бидејќи на тој начин ќе признаат дека не го предале целокупниот материјал коишто го поседуваат – рече Христијан Мицкоски, ВМРО – ДПМНЕ.
Мицкоски очекува во наредниот период на Јутјуб да се објавуваат и други прислушувани разговори. Тој рече и дека за него е неприфатливо пратеник или политичар да интервенира во одлуките на Врховните судии.
На Јутјуб беа објавени пет разговори на кои се слуша како пратеникот Милошокси разговара со екс претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Милошоски угира кај судијата за случај во кој е вклучен неговиот татко. Пратеникот се огалси на фејсбук и рече дека снимките се направени во УБК од времето на Сашо Мијалков.