„Брига ме“ е името на песната која што ќе се најде на новиот албум на Јоце Панов, со која што пејачот ќе се пробива и на српската естрада.
Се работи за летен хит, кој веќе започна да се врти по радиостаниците, а истиот е снимен во Грција и Струга.
На новиот албум на Панов работат познати музичари како што се Жељко Јоксимовиќ, Марина Туцаковиќ, Саша Драгиќ и Драган Брајовиќ -Браја.
Уживајте во спотот, што го навестува летото.