Зад затворени врати започна судењето на дадилката што малтретираше бебе

Започна судењето за еден од случаите кои добија најголем јавен интерес во земјава, во последно време.

dadilka

Се работи за случајот во кој беше објавено видео од дадилка додека сурово малтретира новороденче.

На 61 годишната Т.С.ќе и се суди за малтретирање на малолетно лице, во периодот додека била ангажирана за чување на деветмесечно бебе.

Многу граѓани и новинари сакаа да го следат судскиот процес, меѓутоа судот одлучи дека поради заштита на обвинетата, нејзиното семејство и жртвата, случајот останува зад затворени врати.

- Реклама -