Зачнување според крвната група

Дали ќе забременеeте брзо и каква е причината за проблемите  со зачнувањето се крие во голема мера во крвната група. Таков е заклучокот од истражувањето на научниците од Универзитетот Јеил и Медицинскиот колеџ „Алберт Ајнштајн”.

Најголеми потешкотии со зачнувањето доживуваат жените со нулта крвна група, а најлесно забременуваат жените со крвна група А.  Утврдено е дека жените со нулта крвна група создаваат два пати помалку јајце клетки низ животот, што ја објаснува  тешкотијата со зачнувањето. Кај нив нивото на FSH (фоликуло стимулирачки хормон) , поврзан со плодноста, е многу повисок отколку кај жените со други крвни групи што ја објаснува помалата резерва од јајцеклетки .

Зачнување според крвната група

Утврдено е исто така, дека со возраста  резервите кај жените со крвна група 0 се намалуваат многу побрзо, со што и забременувањето станува сè потешко.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Но,  она што сте нулта крвна група, во никој случај не значи дека не можете да имате деца. Само треба да бидете трпеливи и упорни, бидејќи зачнувањето може да потрае некое  време. Добро е да знаете дека колку сте  помлади , толку успехот да забремените  ќе биде побезбеден и побрз.

- Реклама -