Забрчанец: Снимката на која граѓани скандираат „Северна, Северна!“ е срамна монтажа

Лажна, фејк, тажна продукција од подрумските центри за манипулација на дезинформаторите, вели советникот на премиерот за односи со јавност – Марјан Забрчанец, за снимката објавена од порталот „Инфомакс“ на која барем навидум изгледа дека граѓани присутни денес на Мечкин Камен скандираат „Северна, Северна!“.

„Дезинформаторите шират срамна монтажа во која лажат дека граѓаните наводно скандирале ‘Северна Северна’ на Мечкин Камен.

Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото.

Денес во Крушево ечеше од зборовите Илинден, македонски, Македонија, заедно, иднина. Тие што беа на Мечкин Камен знаат дека денес граѓаните заедно ја пееја ‘Денес над Македонија се раѓа…’. Денес се скандираше за иднината, за Републиката, за химната, за македонскиот јазик.
Во Крушево ечеше паролата ‘Сите сме деца на Илинден!'”, пишува Забрчанец.

Повелете уште еднаш видеото, па сами судете:

 

- Реклама -