Забрчанец: Идејата за трибината за независноста е на Фрчкоски

Трибината „Патот до независноста“, организирана од Владата и од премиерот Заев, на која денеска своите сведоштва и сеќавања ги споделија современици на осамостојувањето на Македонија – како Стојан Андов, Љубомир Фрчкоски, Џевдат Хајредини, Ѓулистана Маркоска, Васил Тупурковски, Насер Зибери, Денко Малески и Мухамед Халили, била идеја на Љубомир Фрчкоски, открива националниот координатор за комуникации во Владата – Марјан Забрчанец, за „Сител“.

„Идејата за организација на денешната трибина за независноста е на професорот Фрчкоски. Тој му предложи на премиерот Заев да организираме настан во кој современиците на 90-тите ќе сведочат за случувањата кои ни донесоа независна држава. Премиерот ја поздрави идејата, даде задача на кабинетот и влеговме во организација, а еве денес мило ни е што имаме современ настан со политички ветерани, но и современ дигитален запис за историските државотворни случувања во 1991 година”, рекол Забрчанец.

Тој информирал и дека на трибината поканети биле и Петар Гошев, Емилија Симовска, Гордана Силјановска, Владо Поповски, Илинка Митрева, Билјана Лазаревска и Радмила Кипријанова, но од оправдани причини не биле во можност да се приклучат во дебатата.

- Реклама -