Забранети фотографии и видео од врвот на пирамидите

Во јануари, еден 18-годишен Германец се искачи на Големата пирамида во Гиза (пирамидата на Кеопс) и направи неколку фотографии од врвот. Му требаа 8 минути, доволно за полицијата да не стигне да го спречи на време.

Да, полиција. Ако не знаевте, тогаш сигурно претпоставувате дека качувањето на пирамидите е забрането, се разбира, со цел да се заштити културното наследство кое е едно од оригиналните седум светски чуда.

Но на Andrej Ciesielski од Минхен не му било многу гајле, и покрај тоа што за прекршувачите на законот се предвидени сериозни казни, дури и до 3 години во египетски затвор. Тој бил убеден дека ризикот вреди, и покрај тоа што бил предупреден.

Германецот тогаш помина само со кратко апсење и испрашување, но подоцна му е доделена доживотна забрана за враќање во земјата. Па, кога веќе се помачил да биде најлошиот турист во Египет, барем да ги видиме фотографиите и да не одат зијан. Еве и видео:

Но Ciesielski не е последниот. На Reddit беше објавена уште една фотографија од врвот на Кеопсовата пирамида, со тоа што авторот овој пат имаше очигледна намера да се врати во Египет, па си остана анонимен.

 

- Реклама -