Во 1970-тите на Јамајка, фотографката Естер Андерсон имаше чест да ја фотографира најголемата реге икона – опуштениот Боб Марли, меѓу пријателите, покрај океанот.
Денес тие фотографии, направени поточно во 1973 година, се изложени во лондонската галерија „Dadiani Fine Art“, а се величествени колку и самиот Боб Марли. Тука нема да ја видите таа клише слика во која е претставен како пејач од Јамајка, на сцена, со микрофон.
Боб Марли: Бунтовнички пророк (Bob Marley: A Rebel Prophet) – е насловена изложбата на Андерсон, која е резултат на дружбата на фотографката со сега кралот на регето уште на самиот почеток на неговата кариера.
На фотографиите на Естер го гледате Марли во Кингстон, додека босоног оди по плажа, на улица меѓу соседите и во неговиот дом со пријателите. Во тој период Боб Марли сé уште чекал да потпише договор со компанијата Island Records.
На една од тие фотографии го гледаме и како пуши џоинт. Подоцна фотографијата е искористена за омот за албумот Catch a Fire, а Андерсон е потполно во право кога вели дека таа претставува „симбол на амнестијата и слободата“ во речиси целиот свет.
„Моите слики го покажуваат Боб Марли како пријател, бидејќи ние не го знаевме како икона на музика и културата“, изјави во една прилика денес 70-годишната Андерсон. Вели дека за време на нивната дружба во 1972, Марли за неа не бил само музичар, туку и човек кој носи порака, поет и на минатото и на инднината.