Козјото млеко изобилува со здрави состојки кој го вбројуваат во производи со исклучително функционални и терапевтски ефекти. Освен тоа, преставува вистинска замена за кравјото, што е особено значајно за лицата кој страдаат од алергиски реакции и потешкотии со варењето. Составот на козјото млеко е многу сличен на кравјото. Сепак со подетално истражување со воочуваат и разликите. Козјото млеко по биолошката вредност е многу поквалитетна. Содржи повеќе масти, протеини и минерални материи, а помалку лактоза и казин.
Лековитата моќ на козјото млеко е позната уште од времето на Хипократ. Во 19 век третманот со сурутка од ова млеко ефикасно се користел против воспаление на белите дробови, жолтица, реума и други болести, а се препорачувал и за заболени од туберколоза. Во денешно време докажаните терапевски ефекти од козјото млеко и неговите производи, првенствено се темелат на полесната дигестија и малиот број на алергиски реакции, што е особено важно кога станува збор за чувствителните и болни лица.
Алергијата на протеините на кравјото млеко или другите алергени е многу честа појава кај новороденчињата и малите деца. Симптомите на алергија, најчесто поради недоволно развиениот имунолошки систем на цревата можат да се појават во првите 2-4 недели или во текот на наредните 6 месеци. Меѓутоа, било да стануваа збор за алергии или нетолеранција на протеини од кравјо млеко кај децата или возрасните, како најдобра замена се препорачува конзумирање на козјо млеко.