Поп културата го опседнува современиот човек и на моменти може да се категоризира како ментална болест.
Проверете дали страдате од:
Загрижувачко растројство
Пациентот често запаѓа во параноидни илузии дека му е уништен животот, кога на пример непосакуван актер прифаќа улога во омиленото сценарио. Гајле му повеќе за Џорџ Р. Р. Мартин отколку за сопствениот дедо. Се грижи повеќе за разврската во „Ѓаволот носи прада”, отколку за претстојното интервју за работа.
Шизофренија
Пациентот не може да одлучи дали му се допаднал одреден производ додека не прочита барем пет различни оценки на интернет. Често се изненадува од нешто, само за да си го смени мислењето, штом ќе сфати дека повеќето луѓе имаат друго мислење. Се разбира, може да се случи и токму спротивното.
Опсесивно-компулсивно нарушување
Не се чувствува добро, освен ако не ги изгледа сите епизоди од секоја сезона на дадена серија, плус исечените сцени. Чувствува дека гледањето некако „не се брои”, доколку не ги следи најпопуларните телевизиски остварувања, за кои што зборуваат сите.
Очај
Филмовите, кои ги отфрлил / а за гледање, се толку многу, што се потребни најмалку три животи, за да ги изгледа. Плаче: „Ама нема да имам време за филм, ќе почне новата сезона на GOT!”. Овие зборови треба да бидат третирани како збунети знаци за негација.
Ајподот му е преплавен од смешни слики кои датираат уште од времето на шегите за Ребека Блек.
Кататонија
Гледа една серија повторно и повторно – и повторно – без да може да објасни зошто, освен со „ Не знам.” Пациентот манифестира тревога од разделба, кога мисли дека следува една седмица без „Симпсонови”. Често ја губи својата меморија, особено кога се обидува да раскаже одредена епизода од последната сезона на „ Breaking Bad“, иако ја изгледал целата.
Турет синдром
Ќе најде повод да го вклучи омиленото шоу во секој разговор. Обично еруптира во неповрзани монолози, заситени со неверојатно точни цитати кои ви дозволуваат да се прашувате дали овој човек е гениј, или треба да се јавите во специјализирана клиника.
Пролитај повеќе: Преведувач на поп култура