Заболената од коронавирусот е 50 годишна жена

Корона вирусот стигна во Македонија – заболена е 50 годишна жена

Педесет годишна жена од Скопје е првата заболена со корона вирус во земјава. Рано утринава околу три по полноќ преку граничниот премин Табановце влегла во државата. Доаѓала од Италија со комбе. Хоспитализирана е на инфективната клиника во Скопје.

Венко Филипче, Министер за здравство 0:10

„Пациентката е позитивна за вирусот Ковид 19. Таа веќе еден месец била во Италија на прошетка кај свои роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се третирала во италијанска здравствена установа. Таму не тестирана за вирусот корона.“

Здравствената состојба на жената е добра.

Жарко Караџовски, Институт за јавно здравје 1:04

„Во моментов жената е свесна и дише сопствено. За вас тоа е сосема доволно а за лекарите што работат таму си ја спроведуваат професионално својата активност.“

Жената од Италија до Скопје не патувала сама. Во комбето со неа имало и други патници кои треба да се идентификуваат допрва. Треба да се утврди нивната траса на движење – со кого се сретнале, каде биле, дали биле на работа. Сепак, засега министерството за здравство оценува дека нема ризик овие луѓе да заболеле од Корона вирусот.

Венко Филипче, Министер за здравство 1:15

„Лично сметам дека не претставува ризик зашто жената веќе ја поминала инкубацијата и практично две недели е болна. Но, тоа не е причина да не ги најдеме, да не ги утврдиме кои се тие луѓе да ги тестираме и изолираме, но не само нив, туку и луѓето кои што биле во контакт со нив во изминативе веќе 18 часа.“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски упати апел за смиреност и повика да не се создава паника.

Оливер Спасовски, Технички премиер 0:40

„Нема потреба од било какви ограничувања. 0:52 Да не преземаме ништо повеќе што би создавало дополнителен проблем во однос на одржување на настани, манифестации, едноставно животот мора да продолжи нормално.“

Владата освен откажување на закажаните посети во Италија во која спаѓаат и ученичките екскурзии, побара компаниите и институциите кои знаат дека нивни работници биле во Италија, да не ги примаат на работа во рок од 14 дена – колку што трае периодот за изолација. Во меѓувреме, на аеродромите сите патници се проверуваат со термални камери, а на граничните премини полицијаците поставуваат епидемиолошки прашања за да се утврди моменталната здравствена состојба на патниците.

- Реклама -