Иако секогаш е беспрекорно нашминкана, овој пат реалити ѕвездата малку си поиграла со веѓите.
34-годишната Ким Кардашиан сака да си игра со модата, па на својот Инстаграм профил објавила нова фотографија по модното снимање.
На сетот ја сретнала и познатата манекенка Кара Делевињ, а модната забава всушност е одржана како прослава на роденденот на нејзината сестра Кендал Џенер.
Ким, се разбира е повторно во центарот на вниманието и тоа поради своите избледени веѓи.
„Не се плашете за моите веѓи, тоа е за снимањето“, кратко напишала Ким под фотографијата. И Кендал на својот Инстаграм објавила колаж од фотографии од забавата на која биле и модни дизајнери, пријатели и нејзиното големо семејство.