Домашна работа е тешка и одговорна задача, со која се соочува секоја домаќинка.
Понекогаш е толку напорна, што хуморот на сопствена сметка е одличен начин истата да ја заблажи. Како и да е, кул е да се снаоѓате одлично во кујната, а уште повеќе ако со мерак да ги преуредувате полиците.
Совршен летен ден е кога сонцето сјае, летниот бран ве милува нежно , птиците пеат, а шпоретот е расипан
Велат дека домашната работа не може да не убие, но зошто да ризикуваме?
Не може да исчистиш нешто без да извалкаш друго – закон на домаќинката
Недостаток на тоа да си сам дома, е правилото дека секогаш е твој ред да ги измиеш садовите
Никој не забележува домашна работа додека ја вршиш, но секој забележува кога ќе престанеш
Мразам домашна работа. Го местам креветот, ги мијам садовите, па другото утро повторно од почеток
Наместо да ја исчистам куќата, зар не е полесно да го исклучувам светлото?
Чувствувајте се како дома! Ви советувам да почнете од кујната.
Испери денес или шетај гол утре
Токму сега се бев зафатила со задолженија, но слушнав дека некој ми коментира на статусот на фб, па желбата ми помина
Ако полиците се валкани, а тенџерињата не „светат“, тоа е затоа што имам повеќе добри идеи за моето слободно време