За жал, очите после капење во базен не се црвени само од хлор

Хлорот се поврзува со сите бактерии од вашето тело и се обидува да ги убие, а потоа настануваат иритирачки хемиски реакции.
Го знаете она чувство кога ќе излезете од базен и ве печат очите, а вие мислите дека некој ставол премногу хлор во водата? Епа за тоа чувство не виновен хлорот, барем не директно.

Како што објаснуваат експертите од американскиот Центар за контрола на болести, станува збор за мокрача.

„Хлорот се поврзува со сите бактерии од вашето тело и се обидува да ги убиеа, а потоа настануваат иритирачки хемиски реакции. Тоа е она поради кое што ве печат очите. Тоа е хлор кој се поврзува со урина и пот“, објаснува др. Мајкл Ј. Бич.

Слично е и со кашлицата која знае да ги фати луѓето за време на капењето во затвпорен базен, што е всушност физичка реакција на иритација на хлор во вашите бели дробови.

Swimming-Pool-People_72926-1024x7681-600x450

А што е она што мириса во базените?

Веројатно претпоставувате дека оној специфичен мирис што го имаат базените се должи на хлорот. А каде што има многу хлор, мора да е и многу чисто, нели?

Краткиот одговор е – Не. Во соблекувалните на базените со причина стојат натписи кои препорачуваат туширање пред пливањето, како и по пливањето. Причината е во азотот.

„Кога ќе влезете во базен, а не сте истуширани, во него внесувате се што се наоѓа на нашата кожа – природните кожни масти, потта, козметика и производи за лична хигиена, урина и остатоци од фекалии“, предупредува епидемиологот Мишел Хлавс. Ве целата таа мешаница има многу азот.

Кога хлорот ќе дојде во допир со него, тие се соединуваат во хлорамин, а со тоа хлорот ја губи способноста да ги убива бактериите.

Според Livescience, бактериите што преживуваат, ако ги проголтаме или вдишеме, можат да предизвикаат една од потенцијални 10.000 болести, колку што на годишно ниво се забележани кај Американците што поседуваат базени.

Значи, туширањето е задолжително. Со тоа овозможувате хлорот да остане неврзан и да ги убие бактериите. За мрзливците: едно холандско истражување од 2012 тврди дека и обичното плакнење со вода во должина од 60 секунди, без сапун, може многу да помогне.

- Реклама -