За Волстрит и проститутките

Луѓето на Волстрит многу често користат услуги на проститутки.

Ако се прашувате зошто овие богати мажи плаќаат за секс, тие ќе ви го цитираат Чарли Шин:

84fe60ce448415a9aa57e756579

„Ако ми треба жена, нема да се јавам на проститутка. Но на мене не ми треба жена. Ми треба секс и за тоа се јавувам, на проститутка “, вели еден од бизнисмените за CNBC.

Постојат 4 причини луѓето на Волстрит уживаат редовно во услугите на девојки  на повик, информира медиумот. Тоа се:

1) квалитет, 2) доверливост, 3) едноставност, 4) можноста да им бидат извршувани најоткачените желби без да се загрижени што ќе „си помисли таа“.

„Може да правите работи кои никогаш не би ги доживеале со вашата девојка”, вели анонимен трговец пред CNBC.

„Сексот со проститутка е бизнис зделка при која и двете страни се задоволни.”

138485_1

Челзи е најплатената проститутка во брокерските кругови

CNBC разговарале и со Челзи. Таа се преселила од Канада во Менхетен пред 10 години, со цел да стане проститутка, а наскоро ќе го прослави 30-тиот роденден. Имено, таа добива 1.000 долари на час и комуницира првенствено со брокери од Волстрит.  Кaко што раскажува, кога таа се преселила во градот берзата се качила нагоре.

„Во тоа време работев за да стекнам искуство. Повеќето од повиците беа од брокери, издрогирани со кокаин. Во половина од случаите тие не можеа да постигнат ерекција. Не беше тешка работа. “, се сеќава проститутката на своите почетоци.

Челзи сега работи самостојно, бидејќи не сакала да дава дел од профитот на агенцијата. Таа работи пет пати неделно и со тарифата од 1000 долари на час, прави 200 000 долари годишно. Другите девојки кои наплаќаат „само“ по 400 долари на час работат повеќе за да ја стигнат посакувана сума.

„Важно е да си изградите база на клиенти“, вели таа. – Јас веќе немам потреба да се рекламирам.”

190811-prostitute

Движењето на берзата влијае на бизнисот со проститутките

„Бизнисот во моментов оди добро. Веднаш можам да ви кажам дека бонусите на Волстрит оваа година биле добри. Некои клиенти ми зборуваат за својата работа. Овој јануари и февруари им плаќале доста добро. “

„Помладите клиенти сакаат да се забавуваат. Тие се многу агресивни и се ужасни во кревет. Постарите клиенти се однесуваат со повеќе почит. За нив се трудам два пати повеќе. “, раскажува таа.

Челзи не бара финансиски совети од нив. Таа веќе има заштеда од неколку стотици илјади долари во неколку фондови.

И во бизнисот со проститутки е како и на Волстрит. Кога има побарувачка, има и понуда. Во моментов и двата бизниси одат нагоре.

- Реклама -