Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, за утре (30 јануари), со почеток во 12:00 часот, ја закажа првата седница на новоизбраниот владин состав, информира владината прес-служба.
За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде известена по завршувањето на седницата, додаваат од Владата.