Кога бараат оправдување или виновник за тоа што се неверни во врската или во бракот, мажите најчесто покажуваат со прст кон своите партнерки/сопруги.
Истражувањето спроведено од сајтот за онлајн запознавање – Victoria Milan, покажува дека како најчеста причина за незадоволство и впуштање во афера мажите го наведуваат упорното одбивање на кое наидуваат од страна на нивните партнерки и сопруги.
Во студијата учествувале околу 6.500 мажи од Австралија, кои одговарале на разни видови прашања околу нивните љубовни врски. Експертите кои работеле на истражувањето сумираат вака:
„Честото одбивање од партнерките, кои користат неубедливи изговори само за да избегнат секс со мажот, може многу негативно да се одрази на самодовербата на мажите. Ако тоа често се случува, тој (мажот) утеха, самодоверба и задоволство ќе побара на друго место. И веројатно нема да зажали“.
Горенаведената причина, според истражувањево, е клучната причина за машкото неверство. Дури 82% од оние кои ги изневериле своите сопруги изјавиле дека тоа го направиле затоа што упорно биле одбивани, со изговори за замор, главоболка или други секојдневни проблеми.