Без разлика на тоа дали станува збор за едноставна дневна прошетка или обичен работен ден, дамите со малку подолга коса преферираат да не го губат премногу своето време правејќи разни фризури, па едноставно ја собираат во репче. Коњското опавче изгледа симпатично, но многумина сметаат дека е едноставна и здодевна фризура. Токму затоа во продолжение ви прикажуваме брз начин со кој можете да и дадете поинаква димензија.
1. Соберете ја косата во ниско опавче оставајќи ги двата предни прамени на страна.
2. Едниот прамен префрлете го околку репчето. Истата постапка повторете ја и со другиот.
3. Мотајте ги прамените се до нивниот крај, и прицврстете со шноли. На крајот испрскајте ја косата со лак.
Совет: Оваа фризура е најдолготрајна кога косата не е измиена барем еден ден.