Реалити ѕвездата Клои Кардашијан, за нејзиниот 30-ти роденден успеа да собере импресивна колекција од навистина скапи подароци.
После разводот од кошаркарот Ламар Одом, Клои започна врска со раперот Френч Монтана. Колку нејзиниот нов дечко навистина ја сака, се обиде да и покаже со скапите подароци кои и ги купи за роденденот.
Френч воопшто не се штедел, па покрај дијамантскиот прстен (за кој се уште не се знае во кое својство е подарен) и златните навлаки за заби, на најмладата Кардашијан сестра и подари и автомобил.
Прекрасниот 18 каратен прстен со зелен камен и жолт дијамант, Клои ги примила со огромно воодушевување. Покрај неверојатните подароци кои ги доби од нејзиното момче, тортата дошла како потполно очекуван развој на настаните.
Семејството Кардашијан го прослави роденденот на Клои на една луксузна јахта во потполно нивен стил.
Повеќе фотографии од забавата можете да погледнете на следните страници.