Крвавата Супермесечина и помрачувањето од 21 јануари дефинитивно ќе влезат во историјата. За првпат астрономите и ентузијастите снимија парче вселенски отпад, најверојатно метеороид, како удира во површината на Месечината додека таа минуваше низ сенката од Земјата.
Таква сцена долго се чекаше од астрономите, но и покрај фреквенцијата со која се случуваат месечевите помрачувања – прилично често, досега желбата не им беше исполнета. Метероиди што удираат во Месечината се снимени и порано, но обично во моментите кога месечевите помрачувања се во премногу светла фаза.
Овојпат Хозе Марија Мадиедо од универзитетот во Хуелва (Huelva’s Moon Impacts Detection and Analysis System, т.е. MIDAS) немал намера да ја пропушти евентуалната шанса, па кон месечината поставил дупло повеќе телескопи од вообичаениот кој го користи MIDAS програмата – осум наместо четири.
„Имав претчуство дека овојпат ќе биде моментот кога ќе се случи“, вели Мадиедо за New Scientist. „Бев пресреќен кога навистина се случи ова“.
Но Мадиедо не беше првиот што објави. Веројатно поради тоа што импактот се случи во потемниот регион од површината на Месечината, блесокот го видоа и други набљудувачи, а еден од нив тоа го објави на Reddit.
(1:20:47 во видеото)
(3:43:11 во видеото)
(2:11:00 во видеото)
Иако импактот предизвика причилно силен блесок, самиот метеороид веројатно не бил посебно голем. Според прелиминарните проценки на Мадиедо, веројатно се работело за парче од околу 2 килограми и големина приближна на фудбалска топка.