За прв пат досега одложена епизода од South Park

Треј Паркер и Мат Стоун за прв пат во 17 годишната историја на серијата се приморани да одложат епизода.

Одложувањето на четвртата епизода од седумнаесеттата сезона на South Park е предизвикано поради прекин во напојувањето со струја во South Park Studios. Иако прекинот траел само четири часа, поради неверојатно набиениот распоред со кој се снимаат епизодите, “Goth Kids 3: Dawn of the Posers” е одложена за следната среда.

Ако не сте запознаени, Треј и Мат ги снимаат епизодите недела за недела, па вистински подвик е тоа што ова им се случува прв пат после седумнаесет години. „Не е убаво чувството да ја пропуштите договорената дата, но после години предизвикувајќи ја судбината, испорачувајќи ги епизодите во последен момент, веројатно мораше да се случи некогаш“ – изјави Треј Паркер.

Сите епизоди од серијата може да ги гледате на SouthParkStudios.com, а подоле погледнете неколку слики од атмосферата во студиото.

south-park-studios

 

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -